Различните форми на дискриминација не оставаат простор за славење на 8-ми март
Попусти на козметика, облека или патни аранжмани. Ова е асоцијацијата за прославата на Меѓународниот ден на жената. Дали ваквото одбележување на 8-ми март го изместува фокусот на значењето на празникот...

Попусти на козметика, облека или патни аранжмани. Ова е асоцијацијата за прославата на Меѓународниот ден на жената. Дали ваквото одбележување на 8-ми март го изместува фокусот на значењето на празникот од сѐ уште постоечките бариери и форми на дискриминација? За ова прашање, побаравме мислење од граѓаните.
Човековите права не познаваат машки и женски, сметаат од Институтот за човекови права. Најголемите родови нееднаквости се во доменот на економската сфера и пристапот до економски ресурси. Жените заработуваат помалку од мажите, а со тоа се и во поголем ризик од сиромаштија, покажале истражувањата.
Меѓународниот ден на жената ја акцентира борбата за граѓански, политички, економски и социјални права, коишто жените денес сѐ уште не ги уживаат во целост.
Младите жени не сакаат да зборуваат пред камера, но сите со ист став. Различните форми на дискриминација со кои жената сѐ уште се соочува, не оставаат простор за славење 8-ми март. Сепак на овој ден, цветните пазари, маркетите и парфимериите, се полни со луѓе. Цветни аранжмани и парфеми се најкупуваните подароци за денот на жената.
Александра Спировска
