Осум млади жени во македонската музика денес

08.03.2021 17:09

Iздвојуваме осум млади дами кои неуморно работат на создавање на разнолична македонска музика и култура во поново време...

Среќен 8-ми март жени! Добро знаеме дека овој ден го одбележуваме во знак на непрестаното активно борење на жените за социјална, економска и политичка рамноправност со мажите и иако денес постои значителен напредок, сепак има и отворени фронтови. Во овој текст се осврнуваме на музичкиот фронт, се сеќаваме на Сашка Петковска, Нина Спирова, Верица Ристевска, Олгица Христовска, Маја Оџаклиевска и многу други талентирани жени, први во своето време со неповторлива вокална интерпретација, експресија, поетичност и стил, но и издвојуваме осум млади дами кои неуморно работат на создавање на разнолична македонска музика и култура во поново време.

Лара Иванова во 2019-та на Макфест за прв пат целосно освои со својата интерпретација во живо, а низ годините до денес постојано еволуира уметнички и со својот тим ни нуди модерен звук по теркот на водечките современи музички трендови.

Антониа Гиговска, првата асоцијација за неа е моќниот вокал и беспрекорната артикулација, но исто така и врвниот професионален пристап кон работата кој уште еднаш ни го покажа со новиот проект — серија акустични преработки на своите најголеми хитови.

Мартина Блажеска, гитаристка обучена на Беркли, со искрен пристап кон музиката и јасна визија, за својата музика добива признанија од музичарите во земјава и ширум светот.

Калина Велковска - Kaly е мултиталентирана артистка со богато музичко резиме, а најмногу препознатлива по својата автентичност во сите аспекти. Со авторскиот проект Kaly’s music challenge преку ентузијазам и искрена несебичност, даде поддршка на многу артисти, но дава и вистински допринос за музиката и културата.

Мартина Баракоска успешно ги руши стереотипите дека “бубањ” е “машки” инструмент. Заслужна е за заразните битови на Дупер, работи и на проекти со музичари како Владимир Четкар и Љубојна, но и на авторски проекти.

Александра Јанева во вистинско време го направи вистинскиот, незаборавлив подвиг. Оваа исклучително талентирана вокалистка со својот деби албум “Срце отвори” покрена хумана иницијатива и средствата од продажбата ги пренамени за лекување на ковид пациенти.

Андреа Мирчевска e басистка и за сега единствена жена музичарка која ја има добиено наградата Златен Орикс за најдобар млад џез музичар (2019). Со својот талент и вештина Мирчевска ги има разигрува ритам секциите во бројни состави како Летечки Пекинезери, Шамба, Јордан Костов Трио и многу други, а притоа рамо до рамо со врвни музичари од фелата.

Дина Јашари е артистка која плени со емотивната обоеност во својата музика и умешноста тоа со леснотија да го пренесе до слушателот.

 

Јана Бурческа