Карнеол- камен кој ја стимулира енергијата и виталноста
Со години се користи и за лекување затоа што го стимулира метаболизмот, енергијата, виталноста. Ја активира првата чакра, делува на женските репродуктивни органи, ја зголемува плодноста, помага во надминување на импотенцијата и фригидноста...

Карнеолот е мал прозрачен камен, често измазнет од вода, во портокалова, розова, црвена и кафена боја. Најмногу го има во Индија, Велика Британија, Чешка, Словачка, Перу, Исланд и Романија.
Тој е стабилизирачки камен со висока енергија, приземјува во сегашната реалност. Служи за обновување на виталноста и мотивацијата, ја стимулира креативноста. Карнеолот има способност за прочистување на другите камења. Психолошки, каменот доведува до прифаќање на животниот циклус и го отсранува стравот од смртта. Во древните времиња се користел како заштита на мртвите на нивното патување во задргробниот живот. Дава храброст, поттикнува позитивни избори во животот, ја отстранува апатијата и поттикнува на успех во работата и другите работи. Овој камен помага за да верувате повеќе во себе и во своите проценки. Доаѓа до сржта на она што придвижува, надминувајќи ги негативните околности, а ја потпомогнува и постојаноста. Ментално, се смета дека карнеолот ги подобрува аналитичките способности и ја избиструва перцепцијата. Ги елиминира ирелевантните мисли при медитација. Емотивно, овој камен е моќна заштита против завист, бес, лошо расположение, ваше или на други луѓе.
Со години се користи и за лекување затоа што го стимулира метаболизмот, енергијата, виталноста. Ја активира првата чакра, делува на женските репродуктивни органи, ја зголемува плодноста, помага во надминување на импотенцијата и фригидноста, при лекување на долниот дел на грбот, при ревматски болки, артритис, невралгија и депресија, посебно кај луѓе воподминати години. Во „Енциклопедијата за кристалите“ од Џуди Хол, се вели дека ги регулира и телесните течности, помага на работата на бубрезите, го забрзува зацелувањето на коските и лигаментите и ја згуснува крвта. Карнеолот ја подобрува и апсорпцијата на витамините и минералите и осигурува добро снабдување органоте и ткивата со крв. Обично се носи како приврзок или копче за ремен, но пожелно е да ја допира кожата. Ако се постави блиску до влезната врата во домот се смета како заштита, но и изобилство во домот.
Соња Стојановска