Царовска: Не се размислува за нови мерки за училиштата

09.03.2021 13:27

Министерката за образование Мила Царовска уверува дека состојбата е стабилна и вели дека нема интерно ширење на коронавиусот.

Засега не се размислува за нови мерки во училиштата, иако во земјава има раст на заболените со Ковид-19. Министерката  за образование Мила Царовска уверува дека состојбата е стабилна и  вели дека нема интерно ширење на коронавиусот.

„Состојбата во училиштата е стабилна. Со физичко активно присуство во последниот извештај некаде 35 ученици и околу 60 наставници, што е многу помалку од крајот на првото полугодие. Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста“, нагласи Царовска.