Владата донесе одлука да се воведе полициски час
09.03.2021 14:49
Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и ограничување на движењето од 22 до 5 часот наутро во наредните две недели. Министерот за здравство бара поддршка и разбирање во интерес и заштита на јавното здравје...

Владата на денешната седница донесе одлука за повторно воведување на полициски час. Поради растот на бројот на новозаболени од Ковид- 19, Комисијата за заразни болести предложи ограничување на движењето од 22 до 5 часот изутрина во целата држава.
Комисијата за заразни болести предложи мерката да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Оценува дека ваквата мерка ќе има ефект.
Анализите покажуваат дека расте бројот на заразени со Ковид-19, а ќе расте и бројот на хоспитализирани пациенти.
