Во поликлиниката „Јане Сандански“ имунизација со руската вакцина

09.03.2021 15:10

Вакциналните пунктови во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизацијата со руската вакцина „Спутник В“, информира Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

Поради проширувањето на ковид капацитетите и поради актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, најави  Министерството за здравство.