Почна со работа модуларната болница во Куманово
Осум пациенти веќе се сместени во штотуку пуштената модуларна болница која во Куманово. Ковид центарот кој се наоѓа во кругот на општата болница, има капацитет од 33 легла. Болницата е опремена е со целокупна опрема за болничко згрижување на пациенти. И во Куманово како и во останатите градови низ државата, расте бројот на заболени од Ковид- 19. Но како што информираат од болница во овој бран очигледно има полесна трансмисија на вирусот, бидејќи велат доаѓаат и цели семејства...

Пуштена е во употреба модуларната болница во Куманово. Болницата која е сместена во близина на инфективното одделение, има капацитет од 33 легла, а веќе се згрижени осум пациенти.
Модуларната болница во Куманово ја поседува целосната опрема за згрижување на пациенти. Овде веќе е ангажиран и соодветен здравствен персонал, меѓу кои има општи лекари, интернисти и невролози.
Модуларната болница ќе ги зголеми капацитетите на општата болница, но и ќе го олесни справувањето со здравствената криза. Покрај неа во функција остануваат и останатите двата ковид оддели.
„Целно е направена за згрижување на ковид пациенти, ги има повеќе низ целата држава. Имаме дел каде е зелена зона, во која персоналот подготвува терапија, пишува документација, и црвена зона во која се сместени пацинетите. Имаме болнички соби со осум и шест кревети, има тоалети за пациенти, по сите стандарди“, вели Снежана Захариева, директорка на Општа болница Куманово.
Во кумановската болница во моментов се исполнети 60 проценти од сите три ковид оддели, а има слободни 30 легла.
„За жал бројката расте на ниво на цела држава се зголемени бројките на новозаболени, очигледно во овој бран имаме полесна трансмисија на вирусот бидејќи кога доаѓаат тоа се цели семејства, и млади, повозрасни, здрави луѓе и со комордитети, вирусот се шири, ќе апелирам сите сме социјални битиа сакаме да се дружиме но тоа да биде согласно мерките за лична заштита“, додава Захариева.
Антиковид вакцината досега примиле 70 здравствени работици од Куманово, а 200 се на листата за чекање.
Елена Георгиевска
