Намалувањето на казните и судењето на далечина - клучни новини во законот за парнична постапка

09.03.2021 16:16

После една година, работната група го стави на јавна расправа предлог- законот за парнична постапка. Адвокати, нотари, судии, невладини организации се вклучија во дебатата со свои укажувања. Намалувањето на казните и судењето на далечина се клучните новини во законот...

Огромна новина е можноста која се отвора да се одржуваат јавни расправи по електронски пат, по оценка на судот, во случај на опасност од одлагање или кога постојат правни пречки. Судот ќе може да реши рочиштето да се одржи на далечина или пак на тој начин да се изведат одделни докази, посочи министерот Маричиќ на расправата.

„Снимката од рочиштето или изведениот доказ претставува записник во електронска форма. Воедно, електронската достава на документи е поедноставена. Законот го усогласува поднесокот во електронска форма и податоците и доказната сила на документите во електронска форма со што се поедноставува електронската достава“, изјави министерот за правда, Маричиќ.

Од Адвокатската комора се задоволни пред се поради тоа што при изработката на законот биле исклучени неквалитетот и политичките влијанија. Нотарите со своја забелешка за користењето на матичниот број на граѓаните, за што дел од судиите парничари не се согласуваат.

Од невладината „Коалиција за правично судење“, побараа при судењата да има решение за толковен јазик за лицата со попреченост.

 

Фиљана Кока