Политика

Собранието пред нова блокада

09.03.2021 16:21

Со двајца пратеници позитивни на ковид и еден сомнителен, Собранието е пред нова, можна, блокада на работата. На политичката сцена секој со своите интереси...

Со двајца пратеници позитивни на ковид и еден сомнителен, Собранието е пред нова, можна, блокада на работата. На политичката сцена секој со своите интереси, а со обвинување кон спротивниот табор дека е против развојот на земјава.

ВМРО – ДПМНЕ обелодени дека разговорите со СДСМ за Изборниот законик се во ќорсокак. Апаратите за отпечаток од прст остануваат проблем. Владината коалиција на секој начин ги опструира преговорите и оневозможува спроведување на Изборниот законик- вели опозицискиот пратеник Јанушев. Вели. Социјалдемократите посакуваат враќање на спрејот и ултравиолетовата лампа.

Координаторот на СДСМ, Митревски оценува дека и СДСМ е за апаратите за отпечаток од прст, но претходно треба да се уреди и со консензус да бидат прифатени новите одредби во Изборниот законик.

Од власта велат и дека се за воведување отпечаток на изборите, но дека ВМРО- ДПМНЕ избрзале со констатациите кои ги изнесоа во јавноста. Сите треба да учествуваат на изборите дополнуваат во владата. Една од дилемите за изборите е што доколку снема интернет врска, на кој начин ќе се утврди идентитетот на гласачот.

Миле Ристески