Димитров: Периодот мај- јуни најзначен за македонските евроинтеграции
Нема да запреме со демократизацијата на општеството, и периодот мај-јуни треба да е најзначен за македонските евроинтеграции, најави вицепремиерот Димитров. Во Владата претставена новата агенда „Европа дома“ што треба да се усогласи со новата методологија за проширување...

Реалните можности за пробив во евроинтеграциите се од мај до јуни, бидејќи наредниот Европски совет е преблиску до изборите во земјата- членка со која имаме предизвик, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Прашан за мапата на Голема Бугарија објавена од тамошниот вицепремиер Каракачанов во која се содржани и делови од Македонија, Димитров вели дека станувало збор за предизборен фолклор и дека требало да се избегнуваат зборови кои наликуваат на територијални претензии и се против Договорот за доброседство.
Димитров тврди - нема да се откажеме од европеизацијата, од владеење на правото и од почитување и заштита на демократските принципи. Тој во Владата ја претстави агендата „Европа дома“, клучен документ кој ќе биде водич низ реформите за годинава.
Секретаријатот ги нотирал препораките на надлежните и изготвени се конретни рокови за нивно спорведување. Фокусот ќе биде ставен на изборните реформи, правосудството, борбата против криминалот и корупцијата, основните човекови права, реформи во медиумите и во јавната администрација.
Марија Котовска
