НОВИТЕ ЅВЕЗДИ НА ИСТАНБУЛ

Киното Атлас и Музејот за Кинематографија Истанбул ги Очекуваат Своите Гости

09.03.2021 17:18

Светски познати актери, режисери и продуценти беа гости на свеченото отворање на историското кино Атлас и Музејот за Кинематографија во Истанбул.

Историското кино Атлас, сместено на улицата Истиклал во Истанбул, беше обновено во 2019-2020 година од страна на Министерството за Култура и Туризам на Република Турција, внимавајќи на зачувувањето на неговата оригинална форма до најситните детали. Во присуство на  претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на церемонијата на свеченото отворање присуствуваа светски познати актери, режисери и продуценти вклучувајќи ја и екипа од филмот „Five Eyes“, кој е снимен во Анталија: Џејсон Стејтам, Џош Хартнет, Џеки Енсли и Гај Ричи.

Реставрацијата на киното Атлас со зачувување на неговата оригинална форма е производ на двегодишен напор. Киното, кое беше отворено за прв пат во 1948 година, е целосно обновено од својата сцена до своите седишта, од озвучувањето до влезот. Киното очекува да им служи на љубителите на уметноста со своите 483 седишта, проекција која обезбедува 4K квалитет на слика и сцена од 13х7 метри. Покрај тоа, сцената на кино салата е дизајнирана да служи на широк спектар на претстави, од театар во живо до други уметнички перформанси.

Музејот за Кинематографија Истанбул, сместен во истата зграда со киното Атлас, исто така ќе даде голем придонес во кино-културата со тоа што ќе ги имаат дигиталните копии на сите филмови снимени низ историјата на турската кинематографија. Гостите исто така ќе имаат пристап до синопси на над 8 илјади турски филмови. Музејот, каде се споделуваат важни информации и документи за светската кинематографија и посебни детали за ремек-дела на турската кинематографија, ќе биде едукативен центар за љубителите на кино. Во овој музеј исто така ќе бидат изложени и националните и меѓународните награди што турската кинематографија ги добива со текот на годините.

Кино Атлас, сместено на улицата Истиклал во Истанбул, ги отвори вратите во 1948 година. Зградата каде се наоѓа киното е изградена во 1870 година за време на владеењето на султанот Абдулазиз. Надворешноста на објектот, што е многу добар пример меѓу реставрациите во Бејоглу, содржи неокласични елементи специфични за 19 век. Декорациите на таванот, релјефите, мермерните камини и инкрустираните паркетни украси во зградата го одразуваат уметничкото разбирање за времето кога била изградена. Киното се наоѓа во Пасажот Атлас, што е една од најважните места за средби на луѓето во Таксим поради неговата локација. Благодарение на музејот, кино Атлас, кое има големо место во општествената меморија на градот, ќе се врати во живот. Киното е сместено и покрај улицата Јешилчам, која со години е центар на турската кинематографија. Кино Атлас и Музејот за Кинематографија Истанбул ќе бидат едни од најважните точки на т.н Патот за Култура Бејоглу.