Мицкоски со писмо до меѓународните фактори
Прашањата како пописот во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус, вели Мицкоски, без него ние сме во слепа улица и единственото решение е одлагањето.

Борбата против тешката епидемиолошката состојба во недостиг на вакцини комбинирано со теренски попис ќе го стави во сериозен ризик јавното здравје. Јас не се сомневам од потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за него, туку откако ќе се надмине здравствената криза. Ова стои во писмото на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до амбасадорите кои го претставуваат меѓународниот фактор во земјава.
Прашањата како пописот во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус, вели Мицкоски, без него ние сме во слепа улица и единственото решение е одлагањето.
Тој наведува и дека пописот би можел да создаде нови ковид кластери, при што предлага решение операцијата да биде одложена за септември со што ќе има време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи. Исто така Мицкоси предлага локалните избори да се одржат од 1-ви до 15-ти ноември за да се подготват надлежните институции.
Ова го пишувам од Клиниката за инфективни болести каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Ние го запоставуваме сопственото здравје, стои во писмото на Мицкоски до амбасадорите во земјава, при што наведува дека личните трагедии на илијадници семејства, треба да бидат аларм за самата држава.
