ВМРО- ДПМНЕ го негира Кракачанов
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека она што е симптоматично е што ваквата објава доаѓа токму во време кога владата на Заев, кој самиот има изјавено дека го смета Каракачанов за пријател, се дави во огромни скандали.

ВМРО-ДПМНЕ го негира бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој на неговиот Фејсбук профил напиша дека високи функционери и пратеници на опозицијата имале и бугарски пасоши. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден од посочените функционери на партијата нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека она што е симптоматично е што ваквата објава доаѓа токму во време кога владата на Заев, кој самиот има изјавено дека го смета Каракачанов за пријател, се дави во огромни скандали.
Ова покажува дека Зоран Заев освен што е во коалиција со мафијата во Македонија е во блиска коалиција и со сите негаторски и антимакедонски сили, се вели во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
