На првиот ден од полицискиот час, ДПИ изврши 724 контроли и надзори- затворен еден угостителски објект

11.03.2021 13:22

Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори се извршени во Скопје вкупно 126, во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата.

Засилени инспекциски контроли за време на полицискиот час низ државава. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови изврши вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти. Контролите и надзорите се извршени  согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените ковид протоколи.

При тоа, во Тетово на лице место е затворен еден угостителски објект, поради прекршување на протокол, односно организирање на роденска забава. Обејктот е затворен 30 дена и ќе се поведе прекршочна постапка согласно Законот за заштита на наслението од заразни болести.

Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори се извршени во Скопје вкупно 126, во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата.

Од почетокот на пандемијата, инспекциските служби спроведуваат интензивни контроли и надзори на терен во делот на почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и здравствените протоколи, секој во рамки на своите надлежности.