Љубов и топлина порачуваат Фанк Шуи со Не Време (feat. Вера Љубојна)

11.03.2021 14:07

„Не време“ е последниот сингл на бендот, во којшто гостува Вера Милошевска-Јосифовска за чиишто вокални квалитети и сензибилитет во јавноста исто така се зборува во суперлативи.

Фанк Шуи, кај нас и во регионот, се препознаени како еден од најпрогресивните состави и со секое наредно аудио-визуелно парче целосно го оправдуваат овој епитет во суперлатив. „Не време“ е последниот сингл на бендот, во којшто гостува Вера Милошевска-Јосифовска за чиишто вокални квалитети и сензибилитет во јавноста исто така се зборува во суперлативи.

Успехот и тежината на уметноста на Фанк Шуи не лежи само во одличната прифатеност од страна на публиката, туку истиот е мерлив и со признанијата и наградите на локално и регионално ниво. Од исклучително значење е успехот на синглот Метеори којшто од регионалната публика на Балканрок порталот беше изгласан за сингл на годината 2020та.   Спотот за Метеори, пак, годинава е номиниран во дури три категории на Adria Muzzik Awards 2021 и тоа: Најдобро видео, Fusion видео и Најдобра монтажа и пост продукција. Покрај ова бендот е номиниран за HEMI Music Awards 2021.

Фанк Шуи најавуваат албум во 2021, а судејќи по досега објавените синглови, може да се заклучи дека не очекува револуционерен нов звук.