Нов закон за јакнење на заштитата на шумите

11.03.2021 14:31

Како да се оневозможи бесправното пустошење на шумите. Инспекторатот располага со 19 инспектори за шуми и тројца за ловство кои контролираат површина од еден милион хектари. Статистиката на националното јавно претпријатие покажува дека бесправно се опустошени 26 илјади метри кубни, а само за 500 се знаат сторителите...

Немилосрдно се палат и се опустошуваат, или ги сечат дрвокрадци. Потоа им возвраќаат со сета своја сила. Шумите - столбот на екосистемот, покриваат 30 насто од површината на земјава. Статистиката на националното јавно претпријатие покажува дека се бесправно одземени 26.000 метри кубни дрва, од нив само за 500 се познати сторителите.

Инспекторатот располага со 19 инспектори за шуми и тројца за ловство кои контролираат еден милион хектари пространство, се пожалија инспекторите.

Шумската полиција е распоредена во 30 шумско полициски станици и една централна организациска во Скопје. Слабост е што според Законот за шуми, ги чуваат не само шумските полицајци туку и шумочуварите, инспекторатот и МВР, вели командирот на Шумска полиција, Трајков. Тоа прави 4 слаби институции кои не можат да одговорат на овластувањата.

Трајков кој е во шумската од формирањето, вели дека во последниве две-три години состојбите се подобрени, но дека со новото законско решение коешто е во подготовка, треба да се надминат пречките во дејствувањето на надлежните служби.

 

Фиљана Кока