868 нови случаи со Ковид-19, починати 15 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.

Во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 397 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по 2 пациенти од Тетово (72г,59г) и Охрид (78г,57г), и по 1 пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.
Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19.
