Апелација ја одби жалбата на Мијалков за одредениот притвор

12.03.2021 15:16

Судот реши да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска, која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков...

Апелација ја одби жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор. Донесената одлука, ќе биде објавена во целост на интернет-страницата на судот се наведува во соопштението од Апелацискиот суд.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, на 26 февруари доби затворска казна во траење од 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“.

Судот реши да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска, која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.