Извршниот одбор на Лекарската комора немал увид во извештајот за родилката од Дебар

12.03.2021 15:36

Извршниот одбор на Лекарската комора немал увид во извештајот што го направиле нивните колеги за случајот со родилката од Дебар, на која при операција-царски рез, и биле извадени бубрег, матка и јајник. Од комората додаваат дека извештајот е базиран на документи што ги разгледале лекарите и изјави од инволвираните страни, но неговата содржина подлежи на тајност според Законот за заштита на правата на пациентите...

Извршниот одбор на Лекарската комора немал увид во извештајот што го направиле нивните колеги за случајот со родилката од Дебар, на која при операција – царски рез, и биле извадени бубрег, матка и јајник. Од Комората велат - извештајот е базиран на документи и изјави од инволвираните страни, но неговата содржина е тајна.

Стручниот надзор на Комората заклучил - нема пропуст во лекарската интервенција на докторот Асани.

До расчистивање на случајот, на гинекологот и директор на струшката болница Мухамед Асани, членството во извршниот одбор на Комората му е ставено во мирување.

Во меѓувреме, претседателката на антикорупциска, Билјана Ивановска побара Обвинителството да утврди дали лекарот имал некаква намера со извадените органи на родилката.

 

Анита Димитријевска Велковска