Медиумската фела се збогува со Горан Гаврилов

12.03.2021 15:43

Со последна почит кон сѐ што направи во развојот на електронската медиумска сфера, денес медиумската фела, пријателите и соработниците се простија со Горан Гаврилов, основач и сопственик и Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис (ММС). Во негова чест ќе се формира „Фонд за медиуми“, за продукција на содржини од јавен интерес...

Новинари, пријатели и соработници му оддадоа последна почит на Горан Гаврилов, сопственик на Канал 77 и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија. Учествуваше во подготовка на законските регулативи во медиумскиот простор како поборник за слобода на говорот.

Гаврилов се залагаше за основање „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес и за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници.

Премиерот Зоран Заев во телеграмата за сочувство најави личен ангажман за основање на ваков Фонд за содржини од јавен интерес кој ќе го носи името Горан Гаврилов.

Славица Величковска