Струмичката пописна единица успеа да ги собере идните попишувачи

12.03.2021 15:51

Државниот завод за статистика двапати објавуваше оглас за попишувачи во Сструмица и регионот поради тоа што немаше интерес. По вториот повик, задоволтелна состојба. Тестирањето заврши...

Струмичката пописна единица успеа да ги собере идните попишувачи, оти во првиот јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи немаше доволно интерес.

Државниот завод за статистика дозволи рокот за пријавување да се продолжи, со цел да се обезбеди потребниот број, не само на попишувачи туку и инструктори. Вчера и денес лицата кои ќе бидат задолжени за имплементација на пописот беа тестирани, со цел да се потврди елоквентноста за нивната дејност.

По соопштувањето на резултатите од тестирањето, кандидатите кои ќе бидат избрани како реонски попишувачи и инструктори, ќе следуваат обуки сѐ до пописот.

Според последниот попис на населението, Струмица е со вкупно 54.676 жители, а од етничката заедница најмногу има Турци- 3.754 жители.

Стојне Митева