Тлото во реканскиот крај не мирува, водата сѐ уште забранета за користење

15.03.2021 13:16

Тлото во Мавровско- реканскиот крај веќе неколку дена не мирува. И синоќа ова подрачје беше погодено од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мавровското Езеро на околу 2 километри длабочина. Серија земјотреси во овој регион беа почуствувани и пред неколку месеци. Од Сеизмолошката опсерваторија велат дека нема место за паника. Ситуацијата се следи, а областа е под постојан мониторинг...

Земјотресите не предизвикаа поголеми материјални штети во Мавровско - реканскиот крај каде беа измерени магнитуди и до 4,7 според Рихтер. Оштетени се неколку оџаци, а водата за пиење чии извори беа заматени од потресите сѐ уште е забранета за користење.

И лани во декември регинот го погодија серија земјотреси со магнитуда до 5 степени. За неколку месеци тектонските поместувања повторни ги вознемирија жителите. Моментално регионот е под постојан надзор е ќе бидат поставени мерни станици во соработка со Институсот за Сеизмологија, истакна градоначалникот Куртовски.

Од Сеизмолошката опсерваторија смируваат. Велат дека нема место за паника, оти се работи за серија потреси, кои не можат да предизвикаат поголема материјална штета.

Универзитетскиот професор Енис Јакупи, вели дека се очекувани вакви потреси во овој регон, кое е трусно подрачје. Мавровско Езеро како и подземните води само го забрзуваат процесот на очекуваните тектонските поместувања кои ги има на секои 50 години.

Во Македонија се очекувани земјотреси и до 9 степени според Меркилиевата скала. Серијата земјотреси кои го погодија мавровскиот регион пред неколку месеци оштетија над 60 објекти, но со помала материјална штета.

 

Зоран Димовски