Продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци
Во Кривичниот суд продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи пред две години и во која загинаа 16, а потешко беа повредени 30 патници. Родителите на загинатите и повредените изразија незадоволство поради бавноста на судот и толерирањето на бранителите, кои според нив купуваат време...

Во Кривичниот суд исказ даде сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, првообвинет за трагедијата кај Ласкарци. Тој наведе дека во разговорот со возачот првично му рекол дека во моментите на сообраќајната незгода не бил како што треба. Ништо не му кажал за некаква неисправност на автобусот со кој излета од автопатот. Судот даде пауза по која судењето не продолжи поради наводите дека некој од присутните бил во контакт со лице позитивно на ковид. Оштетените, родителите на загинатите деца и роднини изразија незадоволство поради бавноста на судот.
Бранителите за кои оштетената страна смета дека купуваат во време што судот го толерира, велат дека се задоволни од текот на судењето со оглед на пандемијата.
Сообраќајната несреќа се случи на 13-ти февруари 2019-та. Во неа загинаа 16 лица, а над 30-мина беа тешко повредени.
Фиљана Кока
