Лицата со попреченост бараат да бидат вклучени во новиот пакет мерки на владата

15.03.2021 15:32

Лицата со попреченост не се опфатени со ниту еден пакет за финансиска помош со поддршка, кој владата ги додели изминатите месеци, а се однесува на субјектите засегнати со корона кризата. Ова денес на прес конференција го кажа претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа...

Лицата со попреченост не се опфатени со ниту еден пакет за финансиска помош со поддршка, кој владата ги додели изминатите месеци, а се однесува на субјектите засегнати со корона кризата. Ова денес на прес конференција го кажа претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа, Далиборка Златева и побара од владата во претстојниот пакет мерки да бидат внесени и тие, преку ваучери за набавка на лекови, здрава храна и хигиенски материјал, како и ваучер за рехабилитација. И двата би биле во висина од по шест илјади денари.

На прес- конференцијата Златева ги актуализираше и десетина години старите барања за промена на законската регулатива на лицата со попреченост, а се однесуваат на подобрување на нивниот квалитет на животот. Тие се однесуваат на здравствената, социјалната и пензиска законската регулатива.

Барањата на велешкото здружението, таа кажа дека биле поддржани и од три други здруженија од Скопје, кои работат со лица со попреченост.

 

Петар Печков