Нови 284 случаи со Ковид-19, починато 21 лице

15.03.2021 15:52

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино - 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија - по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Регистрирани се 449 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид - по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.