Рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“
Во судницата е и бизнисменот Орце Камчев, кој беше спроведен од притворското одделение во Истражниот затвор „Скопје“. Камчев, треба да сведочи, а покрај него, сведок е и Агапи Дика...

Во скопскиот Кривичен суд, продолжи рочиштето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Орце Камчев, кој беше спроведен од притворското одделение во Истражниот затвор „Скопје“. Камчев, треба да сведочи, а покрај него, сведок е и Агапи Дика.
Во случајот обвинети се Бојан Јовановски, Миле Јовановски, Фросина Ременски и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски за помагање во делото измама. Мандиќ за помагање во измама и перење пари. Миле Јовановски за помагање во перењето пари и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Како правно лице обвинение има и за невладината „Меѓународен сојуз“.
