Османи во работна посета на Шпанија

18.03.2021 13:07

Поддршка за евроинтеграцијата и реформскиот напредок на земјата, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, биле тема на разговорите меѓу шефот на дипломатијата и Марија Аурора Мехија, директорот за ЕУ и надворешно-политичкиот советник на шпанскиот премиер Санчез...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е во посета на Шпанија. Поддршка за евроинтеграцијата и реформскиот напредок на земјата, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, биле тема на разговорите меѓу шефот на дипломатијата и Марија Аурора Мехија, директорот за ЕУ и надворешно-политичкиот советник на шпанскиот премиер Санчез.

На маса, и регионалните односи и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, со фокус на политиките за добрососедство. Било разговарано и за соработката во рамките на македонското претседателство со ОБСЕ во 2023-та.

Османи се сретнал и со генералниот секретар на Светската туристичка организација. Главна тема биле последиците од пандемијата врз овој сектор и нивно надминување. Министерот за надворешни ќе има средба со својата шпанска колешка Аранча Гонзалес Лаја.