Повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование

18.03.2021 14:30

Повлечен е од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование, информира Министерството за образование и наука. Министерката Царовска го потпиша решението на комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од наставата...

Учебникот по географија за втора година гимназиско образование е повлечен од употреба. Министерката Царовска го потпиша решението на комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава.

Според комисијата, учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци, но и факти кои не одговараат согласно со дидактичко- методскиот пристап за возраста на децата. Во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните, што е спротивно на Законот за учебници за основното и средното образование, велат од ресорот. Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002-ра година.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, дебатата во Комисијата за образование и наука за новата нацрт- концепција не е завршена. Членовите од опозициската партија побараа да бидат утврдени заклучоците од јавната расправа. Вашето барање за јавна расправа едногласно беше прифатено и таа се одржа, појасни претседателката на Собраниската комисија.

Концепцијата со која се спроведува реформа во основното образование, е законска обврска од 2019-та година.

 

Александра Спировска