Оспорени закони кои не добија потпис од Иванов
На подготвителна седница уставните судии ги сослушаа аргументите на луѓето кои поднесоа иницијативи, за оценка на уставноста на двата указа за законот за употреба на јазиците, и за ратификација на договорот од Преспа. Подносителите велат, дека е направена грешка во процедурата при носењето на законите, со што е повреден Уставот, и побараа судиите да ги укинат спорните закони...

Дали претседателот на Собранието може да објави закон без амин од шефот на државата? Оваа правната дилема пред уставните судии ја отворија подносители на иницијативи, оспорувајќи два укази-прогласување на законот за јазиците и за ратификација на договорот од Преспа, објавени во службен весник без потпис од поранешниот претседател Иванов. Бараат нивно поништување, бидејќи како што велат, штетни се за државата.
Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес смета дека со Спогодбата, Македонија се става во потчинета положба во однос на Грција. Побара судиите при одлучувањето да го земат предвид референдумот од 91-та на кој граѓаните се изјасниле дека сакаат да живеат во суверена и самостојна држава.
По овие иницијативи, уставните судии нема веднаш да се произнесат. Извештајот кој ќе ги содржи и аргументите на подносителите ќе се разгледува на нова седница.
И двата оспорени закони Собранието ги усвои по втор пат со потребното мнозинство. Законот за јазици во март, а ратификацијата на Спогодбата во јули 2018- тата година.
Анита Димитријевска Велковска
