Модуларната болница во Велес ги прими првите пациенти
Налетот на нови пациенти, позитивни на Ковид-19, а кои имаат потреба од болничко лекување, беше причина од вчера попладне да биде ставена во функција модуларната болница во Велес. Таму денес се хоспитализирани 16 пациенти, додека 41 се на Инфективното одделение...

Налетот на нови пациенти, позитивни на Ковид-19, а кои имаат потреба од болничко лекување, беше причина од вчера попладне да биде ставена во функција модуларната болница во Велес. Таму денес се хоспитализирани 16 пациенти, додека 41 се на Инфективното одделение. Во нив ќе се приимаат пациентите со коранавирусот, а Интерното одделение кое исто така беше ковид центар, засега ќе мирува.
Според планот за работа во двете ковид одделенија, чиј капацитет е 101 кревет, ангажирани се сите расположливи здравствени работници од болницата. Зголемена е преносливоста меѓу граѓаните и често се јавуваат случаи на асимптоматски заразени, кои го шират вирусот во велешко.
Заради заштита и обезбедување на модуларната болница, директорот побара ангажман на војниците на АРМ.
За една седмица од велешката полиција информираа дека 11 лица во Велес го прекршиле полицискиот час и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Петар Печков
