Ковид-19

Младите да ги почитуваат мерките, апелира епидемиологот Олумчев

18.03.2021 14:49

Младите да ги почитуваат мерките- апел од епидемиологот Сашко Олумчев од гевгелиската болница. Вели дека нема празни кревети, а бројките на новозаразени драстично растат. Се бараат поригорозни правила...

Епидемиологот во гевгелиската болница со очајничка изјава по последниот биланс на нови позитивни случаи во општината. Вели, ако треба и ќе клекне на колена да ги моли младите да ги почитуваат мерките за безбедност по здравјето во време на пандемија. Тој ја изрази својата загриженост од тоа како овој нов мутиран вирус се однесува, неговата вирулентност и статистиката, дека сѐ поголем е бројот на заразени млади и деца.

Неговиот став е јасен дека надлежните институции треба да предложат поригорозни мерки за спречување на ширењето на вирусот, со цел да се заштити здравствениот систем, кој е на стаклени нозе, а очекува во наредниот период да има двојно поголем број на заразени, оти во Гевгелија циркулираат државјани од јужниот сосед каде веќе го има и Африканскиот сој.

Директорот на гевгелиската болница Крџев, информираше дека слободен кревет во модуларната болница нема, а на дневна амбуланта се регистрираат од 50 до 70 пациенти. Во Гевгелија заклучно со вчера, регистрирани се 300 активни случаи на Ковид- 19.

 

Стојне Митева