Лекарска комора: Потребни се дополнителни рестриктивни мерки
Лекарската комора бара од Комисијата за заразни болести да воведе дополнителни рестриктивни мерки и протоколи поради брзото ширење на Ковид-19.

Лекарската комора бара од Комисијата за заразни болести да воведе дополнителни рестриктивни мерки и протоколи поради брзото ширење на Ковид-19.
„Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливоста на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно“- велат од комората.
Ги повикуваат граѓаните да ја препознаат сериозноста на ситуацијата предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и дејствување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје.
Тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем, велат од Лекарската комора.
