Наместо новинари, ќе пишуваат роботи!
Кен Швенк, новинар и компјутерски програмер во Лос Анџелес Тајмс развива алгоритам кој ќе овозможи самостално да генерира новинарски вести...
Кен Швенк, новинар и компјутерски програмер во Лос Анџелес Тајмс развива алгоритам кој ќе овозможи самостално да генерира новинарски вести, неколку минути откако ќе заврши настанот. За почеток, алгоритамот ќе се базира на проверени квалитетни извори на информации, па потоа ќе се консултира со добиени податоци за да на крај креира новинарски текст. За само три минути по завршувањето на настанот, веста ќе може да ја прочитате на Лос Анџелес Тајмс.
Првата вест за земјотрес во Лос Анџелес, три минути по затресување на земјата, дојде токму од овој алгоритам, со име Quackebot, напишан пред две години, генерира кратки приказни базирани на податоци од релативни извори. Поточно, за оваа приказна роботот-новинар ги искористил податоците на Американската сеизмолошка обсерваторија, и ги додал во претходно напишана сторија. Роботот исто така може да пишува и приказни за криминал во градот, но само доколку човек уредник ги провери текстовите.
Единствената работа на уредникот е да ги одбере најважните вести и да стисне „објави".