Четврти парламентарни избори во последните две години во Израел
23.03.2021 11:13
Според анкетите, Ликуд е фаворит, премиерот Нетанјаху очекува уште еден мандат...

Четврти парламентарни избори во Израел во последните две години. Премиерот Бенјамин Нетанјаху очекува да го продолжи 12-годишниот мандат и да биде награден од гласачите за успешната вакцинација против ковид-19 и дипломатскиот пристап до арапските земји.
Неговите опоненти го обвинија за погрешни одлуки околу пандемијата, соработката со верски и ултранационалистички сојузници, и скандалот со корупција.
Анкетите прогнозираат мртва трка. Право на глас имаат околу 6 и пол милиони Израелци. Кнесетот, во кој има 120 пратеници, беше распуштен во декември 2020 година.
