Новиот косовски премиер, Курти ја презеде должноста
Курти најави јакнење на врските со земјите сојузнички, пред сè со Албанија и Соединетите Американски Држави, а на Србија ѝ порача – прогласете и вие независност од Косово, па ќе работиме на процесот за членство во ЕУ и НАТО.

Собранието на Косово го изгласа лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти за нов премиер. Економијата, образованието, пандемијата на Ковид-19, и развојот на човековите права, се меѓу приоритетите на кабинетот.
Курти најави јакнење на врските со земјите сојузнички, пред сè со Албанија и Соединетите Американски Држави, а на Србија ѝ порача – прогласете и вие независност од Косово, па ќе работиме на процесот за членство во ЕУ и НАТО.
Опозициските пратеници ја напуштија собраниската сала за време на неговиот прв говор како премиер.
