Бразил: Рекорден број починати од Ковид-19
Расте притисокот врз претседателот Болсонаро, кој го брани својот одговор на пандемијата...

Бразил регистрира рекордни 3.521 смртен случај поврзани со Ковид-19. Расте притисокот врз претседателот Болсонаро, кој го брани својот одговор на пандемијата.
Новиот рекорден број на починати во едно деноноќие се показател дека пандемијата во Бразил е надвор од контрола, а аналитичарите сметаат дека тоа е последица на конфузното воведување на вакцините, како и нееднаквите здравствени рестрикции, а сето тоа довело до преоптовареност на болниците.
Болсонаро е под сè поголем притисок да ја стави пандемијата под контрола, иако тој упорно го намалува значењето на вирусот, изразува сомневање во вакцините и се противи на мерките кои се донесуваат на државно и на локално ниво.
