Макрон: Турските и руските сили да ја напуштат Либија
24.03.2021 12:30
Макрон истакна дека само либиските вооружени сили имаат легитимитет и тие треба да овозможат безбедност во Либија...

Странските сили, турските и руските, треба што побрзо да ја напуштат територијата на Либија, изјави францускиот претседател Макрон. Истакна дека само либиските вооружени сили имаат легитимитет и тие треба да овозможат безбедност во Либија.
Странските агенции пренесуваат дека Русија игра значајна улога во решавањето на либиската криза, работи како медијатор и се обидува да ги одржи односите со сите конфликтни страни во таа земја.
