Европа

Отворен нон-стоп центар за вакцинација во Романија

24.03.2021 14:04

Болницата има капацитет за имунизација на речиси скоро 500 лица дневно. Имунизацијата се врши исклучиво со вакцините „Фајзер- Бионтек“, бидејќи има најкраток интервал помеѓу двете дози.

Во Темишвар, Западна Романија е отворен првиот нон-стоп центар за вакцинација за Ковид-19. Болницата има капацитет за имунизација на речиси скоро 500 лица дневно. Имунизацијата се врши исклучиво со вакцините „Фајзер- Бионтек“, бидејќи има најкраток интервал помеѓу двете дози.

„Од трите моментално достапни вакцини во Романија, вакцината Фајзер создава најбрз имунитет. Бидејќи оваа област е во т.н. Црвена област, сакавме да вакцинираме што е повеќе луѓе, што е можно побрзо“, изјави Раул Патраску, управител на болницата во округот Темишвар.

„Се чувствувам добро. Им препорачувам на сите жители на градот да се вакцинираат.“

„Се чувствувам добро. Секој треба да се вакцинира, за што помалку луѓе да бидат хоспитализирани“, велат граѓаните.

Покрај нон-стоп центарот за вакцинација, во земјата се отворени уште 22 пунктови за имунизација во областа Темишвар каде што е регистриран најголем број случаи на заразени.