Полска

Моравјецки: Мора да го сузбиеме третиот бран

24.03.2021 14:08

Мора да го сузбиеме овој трет бран на коронавирусот. Токму заради тоа воведуваме построги мерки кои ќе бидат во сила во наредните две недели во пресрет на велигденските празници, изјави премиерот на Полска...

Полска бележи зголемен број на новозаразни со Ковид-19.

Мора да го сузбиеме овој трет бран на коронавирусот. Токму заради тоа воведуваме построги мерки кои ќе бидат во сила во наредните две недели во пресрет на велигденските празници. Се надеваме дека тоа ќе го намали бројот на хоспитализации“, изјави Матеуш Моравјецки, премиер на Полска.

Во меѓувреме, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Вили Берош и претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ јавно се вакцинираа со вакцината на „АстраЗенека“. Со тоа, тие им се придружијана многу европски официјални лица во обид да ги отфрлат сомнежите за квалитетот на вакцината.