13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски
Ангел беше убиен на 19 мај 2014 година. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на обвинетиот, а во тепачката што настана во близина на европската очна болница, Ангел беше убиен од страна на Ештрефи со нож...

13 години затвор му изрече првостепениот Кривичен суд на Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров. Во казната се засметува и времето поминато во притвор, што е речиси седум години. Ова е втора пресуда за случајот. Летото во 2015-та Ештрефи беше осуден на 14 години затвор, а истата пресуда беше потврдена и од Апелацискиот суд. Сепак Врховен ја укина пресудата и предметот го врати на повторно одлучување.
Ангел беше убиен на 19 мај 2014 година. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на обвинетиот, а во тепачката што настана во близина на Европската очна болница, Ангел беше убиен од страна на Ештрефи со нож. Родителите на убиениот сметаат дека казната е мала и ништо не може да го врати нивниот син.
