НАТО разгледува начини за администрирање на вакцините
Командантот на сојузничката команда на НАТО во Неапол, Робер Бурк во посета на земјава. Порача дека раководството на Алијансата разгледува начини за администрирање на вакцините. Земјава е сериозна и рамноправнма членка на НАТО и активно придонесува во мисиите, потсети министерката Шекеринска...
НАТО е единствен спој на нации, секоја од нив има посебни квалитети, но со заедничка идеја и цел, слободата, мирот, безбедноста се идеали коишто се заеднички и нѐ прават едно, ова го порачаа командантот на сојузничката команда на НАТО во Неапол, Робер Бурк и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на средбата во Скопје.
Адмиралот се заблагодари на Македонија за придонесот кон Алијансата, за волјата да се изнајдат начини да се придонесе за реализација на целите на Алијансата. Раководството на НАТО разгледува начини за администрирање на вакцините.
Земјава е сериозна и рамноправнма членка на НАТО и активно придонесува во мисиите на НАТО и засилување на капацитетот на полигонот Криволак.
По две децении, НАТО ја затвори Канцеларијата за врски во земјата заради тоа што земјата е етаблирана држава во структурите на Северноатлантската алијанса.
Игор Панов
