МВР
Тешко повреден малолетен пешак
27.03.2021 11:53
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово...

Вчера во 18.45 часот на регионалниот пат Тетово - с.Јажинце, кај с.Непроштено, патничко возило БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во малолетен пешак и М.А.(42), двете од с.Непроштено. По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани тешки телесни повреди.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.
