Здравство
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за нови рестриктивни мерки
30.03.2021 09:30
Минатата недела комисијата остана на ставот-само полициски час од 22 навечер до 5 часот изутрина, кој ќе трае до 6-ти април...

Епидемиолошката состојба повторно пред Комисијата за заштита од заразни болести. Неизвесно е дали ќе има предлог за порестриктивни мерки. Минатата недела комисијата остана на ставот-само полициски час од 22 навечер до 5 изутрина, кој ќе трае до 6-ти април.
И претседателот Пендаровски го свика Советот за безбедност. Министерот за здравство Филипче ќе реферира за состојбата со Ковид-19, а ќе се разговара и за мерките и активностите на надлежните институции.
