Кинескиот министер за одбрана во официјлана посета на земјава
30.03.2021 09:44
Покрај разговорите за билатералната соработка во одбраната, македонските власти очекуваат и поконкретни детали дали и кога ќе пристигнат 200 илјади вакцини од „Синофарм“.

Во официјална посета на Македонија е министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенг-Хе. Ќе има средба со министерката Шекеринска. Покрај разговорите за билатералната соработка во одбраната, македонските власти очекуваат и поконкретни детали дали и кога ќе пристигнат 200 илјади вакцини од „Синофарм“.
Пред речиси два месеца, авансот беше вратен од компанијата, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта за набавката преговарала со фантом компанија од Хонг Конг.
