Политика

Се очекува измените на Изборниот законик да влезат во собраниска процедура

30.03.2021 09:55

Со законски измени треба да се овозможи и договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30-ти септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот.

Нормализирање на работата на Собранието, усвојување измени на Изборниот законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст и вградување на препораките на ОБСЕ/ ОДИХР,  најавија вчера претседателите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од денеска се очекуваат конкретни активности во законодавниот дом и работните групи.

Со законски измени треба да се овозможи и договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30-ти септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот.

Во собраниска процедура денеска се очекува да влезат измените на Изборниот законик во однос на идентификација на гласачите со отпечаток од прст кој е договорен меѓу поголемите политички партии.

Закажана е средба и со претставници на Алијанса на Албанците и на Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања.