Проширена истрагата за марихуаната пронајдена на „Богородица“

30.03.2021 13:37

Гевгелиското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против уште едно лице за недозволена трговија со дрога...

Гевгелиското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против уште едно лице за недозволена трговија со дрога, за случајот со запленетиот камион на граничниот премин „Богородица“.

Претходно, со непознато лице од Косово се договориле неовластено поради продажба да пренесат марихуана во Турција. Со товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, сопственост на компанија, двајцата отишле во Приштина и била натоварена рециклирана отпадна хартија за извоз во Турција. Наредниот ден на засега неутврдена локација ја натовариле и дрогата.

На осомничениот му е определен притвор од 30 дена. Од 7-ми март, првоосомничениот веќе се наоѓа во притвор.