23 прекршувања на забраната за движење, 609 санкции за неносење маска

31.03.2021 09:34

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата ...

Oд 22.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.