Вакцинација

Филипче: 28- годишна девојка со тромботична реакција по вакцинација со „АстраЗенека“

31.03.2021 12:28

Девојката вакцината ја примила во Србија, а симптомите се појавиле 6-7 дена по вакцинирањето.

28- годишна девојка од Македонија со тромботични промени по примена вакцина  на „АстраЗенека“ е прв регистриран случај кај нас којшто се поврзува со оваа вакцина, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Девојката вакцината ја примила во Србија, а симптомите се појавиле 6-7 дена по вакцинирањето.

„Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со таков тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината АстраЗенека“, рече министерот Филипче.