Енергетика

Македонија официјално дел од проектот за природен гас „Александропули“

31.03.2021 15:11

Потпишани меморандуми за соработка за закуп на дел од капацитетот од терминалот на течен природен гас „Александруполи“ и стекнување 25 проценти удел во гасната централа „Александруполи Електрисити Продакшн“. Проценетата инвестиција во проектот во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра...

Со 25 проценти удел во цетралата за природен гас, инвестиција вредна 380 милиони евра и 10 насто учество во гасниот терминал, проценет на 370 милиони, Македонија станува дел од проектот „Александруполи“ кој според надлежните треба да обезбеди трајно и стабилно снабдување со овој природен извор на енергија и негова диструбиција во регионот.

Договорите за соработка ги потпишаа енергетските компании на Македонија и Грција. Очекуваат за две ипол години, државава да добива енергија од сопствена гасна централа во Александруполи, која велат ќе обезбеди намалени трошоци на струјата, конкуретност на бизнисите и пристап до светките енергетски пазари.

Изградбата е предвидено да заврши во 2023-та. Гасната централа има капацитет од 800 мегавати, а во гасниот терминал ќе се складираат до 5,5 милијарди кубни метри енергент.

Сузана Фиданска- Стоевска