80-годишната Елена е среќна што ја доби првата вакцина
80-годишната Елена Житошанска е среќна што на првиот ден ја доби првата вакцина. Вели, убаво ме пречекаа, добро се чувствувам. 15-ина минути остануваат на пунктот за секоја сигурност. Порачува младите што побрзо да се вакцинираат. И другите вакцинирани сакаат брза имунизација на сите граѓани...

Непречено се одвива вакцинацијата на пунктот во прилепскиот Здравствен дом. Денеска се вакцинираат 90 граѓани над 77-годишна возраст, а Прилеп доби 900 вакцини. Ќе бидат два вакцинални пункта. Интересот е голем и нема проблеми, изјави Кети Смилеска, директор на градска болница со општа надлежност - Прилеп.
Матичните ги исполнија термините. Мал е бројот на возрасните граѓани кои поради здравствени причини сега нема да се вакцинираат, изјави Нора Тасеска, претседател на здруженитео на матични лекари од Прилеп.
Лекарите бараат од вакцинираните да продолжат со заштитните мерки. Инаку, прилепската болница речиси ги наполни петте ковид оддели и чека до крајот на неделава во функција да биде модуларната.
Елизабета Митреска
